ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/18/21 9:09 PM

Кој би рекол дека е во седмата деценија – Мадона со провокативни фотографии на Инстаграм

Пејачката Мадона (62) не мирува ниту во седмата деценија, а ги изненади обожавателите со фотографии што ги објави на Инстаграм.

Таа во моментов промовира нов албум, а неодамна беше мета на критики поради бројните естетски зафати на нејзиното лице. На социјалните мрежи, таа не престанува да шокира со фотографии во секси изданија.

Таа покажа како се бори со стареењето и позираше во необична комбинација.

– Нов живот. Њујорк. Метаморфозис – напишала кратко во описот каде што позира во кожен градник.

Интересно е што пејачката честопати избира бања како место за фотографирање, каде минатата година имаше и серија поинтимни фотографии.

Таа беше во брак два пати, со Шон Пен и Гај Ричи, и има шест деца.

Извор: Курир.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7