ММС

Објавено на: 06/18/21 8:14 PM

Ериксен пуштен од болница, тоа што го направи после излегувањето ги воодушеви сите

Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен денес е пуштен од болница, објави Данската фудбалска федерација.

Ериксен беше во болница од саботата, кога доживеа срцев удар на натпреварот од првото коло на Европското првенство против Финска.

На играчот му е вграден уред што може да функционира и како песмејкер и како дефибрилатор.

Фудбалскиот сојуз на Данска ја објави оваа одлична вест, но со неверојатно додаток – Ериксен воопшто не тргна накај дома, туку решил прво да ги посети соиграчите од националниот тим, да ги поздрави, охрабри со своето закрепнување и да им посака на сите најдобро во продолжение на ЕУРО 2020!

– Благодарам за големиот број пораки и добри желби, беше неверојатно да го видам тоа и почувствувам. Операцијата помина добро и се чувствувам добро во овие услови. Беше многу убаво да се видат момците откако минатата вечер одиграа одличен натпревар. Нема потреба да зборуваме за тоа, ќе ги поддржам во понеделник против Русија, рече Ериксен.

Извор: Курир.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1