ММС

Објавено на: 06/18/21 11:52 AM

(Видео) Милиони плачеа на овој настап – Девојка стана вистинска сензација на „Америка има талент“

Социјалните медиуми беа преплавени со видео од натпреварот „Америка има талент“, во кое една девојка успеа да допре милиони срца за една минута.

Џејн Марчевски (30), која настапи под името Најтберд, е нова светска сензација.

Таа убава девојка застана пред Сајмон Кауел, Софија Вергара, Хајди Клум и Хауи Мандела и им  рече дека ќе ја отпее нејзината песна во која се зборува за изминатите години од нејзиниот живот.

Таа рече дека дошла сама, дека веќе некое време не работи затоа што се бори против рак, а додека настапувала цело време била опуштена и насмеана додека жирито се бореше со емоциите.

Кога пееше, се случи магија, што е јасно од реакцијата на публиката и од лицата на членовите на жирито.

– Оваа година имаше извонредни пејачи, но нема да ти кажам „да“. Ќе ти дадам нешто друго – рече Коуел и, наместо да и каже дека оди понатаму, тој ја изненади пејачката со притискање на копче и пушти златни конфети од таванот.

 

 

Извор: Еспресо.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1