ММС

Објавено на: 06/17/21 9:16 PM

Не знаел која е Драгана Мирковиќ, а и препишал милиони и дворец – Како Тони Бјелиќ го заработил богатството?

Пејачката Драгана Мирковиќ неодамна на социјалните мрежи ја објави тажната вест – почина нејзиниот свекор, татко на Тони Бјелиќ, Анто.

За Тони и Анто Бјелиќ малку се знае, освен што и таткото и синот биле ангажирани во разни бизниси.

Сопругот на Драгана е роден во Австрија како Антоније Бјелиќ, од родители кои имаат српско потекло, а и денес живее и работи во Виена со сопругата и децата. Тој има бизнис во автомобилската индустрија, сопственик е на салон за автомобили, автомобилска компанија „Мајбах“, но и градежни компании и телевизија ДМ Сат.

Тони пред неколку години го купи и замокот Ебенфурт во Виена, што е историско знаење од 12 век и во чие реновирање вложи многу пари, имајќи предвид дека се простира на 12.000 квадратни метри и има четири кули. Пред реставрацијата, тој мораше да потпише договор со кој се гарантира дека неговата историска вредност нема да биде загрозена и оштетена.

Тој ја запозна Драгана Мирковиќ на еден нејзин настап во Виена, кога Тони и неговата сегашна сопруга ги запознал естраден менаџер. Тони тогаш успеал да го добие телефонскиот број на Драгана и долго време бил во контакт со неа.

После две години, двојката започнала да живее заедно во Виена и во една прилика открија дека запросувањето паднало на семафор додека чекале да се запали зелено светло!

Во едно од претходните интервјуа, Драгана истакна дека смета дека тој момент е најромантичен во нејзиниот живот.

„Најдобро е да ја запросите својата девојка додека семафорот е црвен, бидејќи на тој начин таа не може да ви избега.“

Тони еднаш признал дека не знаел која е Драгана Мирковиќ кога првпат ја видел, бидејќи пораснал во Австрија и не бил упатен на српската музичка сцена.

Тони и Драгана се венчаа на 28 септември 1999 година, од бракот имаат постар син Марко и ќерка Мануела.

Бјелиќ пред неколку години имал операција на мозокот, а потоа и силно воспаление на белите дробови. На Драгана за 50. роденден и подарил Мерцедес каков што вози и Канје Вест, а кој наводно чинел околу половина милион евра.

Тони, според збровите на Драгана и препишал цел имот кој го стекнал во Виена, па како што рекол на нејзиното прашање. Зожто така одлучил, тој само одговорил „Бидејќи така сакав“.

Извор:Мондо.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1