ММС

Објавено на: 06/17/21 4:58 PM

Сонче, па пороен дожд: Од понеделник со температури над 35 степени

Утре времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 25 до 34 степени. УВ=7

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 32 степена.

Во наредните денови во претпладневните часови времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално со поинтензивни процеси, особено во сабота. Температурите ќе бидат во пораст, а особено топло се очекува во почетокот на наредната седмица кога на места температурите ќе надминуваат 35 степени.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1