ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/17/21 1:23 PM

Само една измена во составот на Ангеловски од претходниот дуел, Спировски на местото од Трајковски

Без многу изненадувања и со само една измена од мечот против Австрија, селекторот на македонската фудбалска репрезентација ги избра стартните 11-мина кои ќе настапат против Украина во второто коло од групата Ц на Европското првенство.

Стефан Спировски влегува на местото од Александар Трајковски, а во формациската поставеност сега Енис Барди ќе биде поофанзивен, веднаш позади Горан Пандев и Елиф Елмас.

Во одбраната останува играчот од средината на теренот, Бобан Николов, како десен страничен бек, лево стандардно Џани Алиоски, а тројката пред голманот Димитриевски ќе ја сочинуваат Висар Муслиу, Дарко Велковски и Стефан Ристовски. Играчот на Динамо Загреб, Аријан Адеми, останува во срцето на средниот ред.

Македонија: Димитриевски, Велковски, Муслиу, Ристовски, Николов, Алиоски, Адеми, Спировски, Барди, Пандев, Елмас.

Украина: Бусчан, Забарњи, Мативјенко, Караваев, Миколенко, Степаненко, Шарпенко, Зинченко, Јармоленко, Малиновски, Јаремчук.

Натпреварот стартува во 15:00 часот на „Националната Арена“ во Букурешт.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1