ММС

Објавено на: 06/16/21 9:52 PM

Што ќе се случи кога се откажете од пиво?

Ефектите кои престанувањето на конзумирање на пиво ги има врз организмот може да им се допаднат на многумина.

Исфрлување на пивото од исхраната може да има големи здравствени придобивки за организмот, дури и ако не сте страствен алкохоличар кој пие пиво секој ден. Што ќе се случи во организмот кога ќе се откажеме од пивото?

Рамен стомак

Редовно пиење пиво може да резултира со зголемување на телесната тежина и пивски стомак. Добрата вест е дека е лесно да се поништи, само ако престанете да пиете пиво.

Кога ќе се откажете од пивото, го намалувате бројот на калории што ги внесувате во организмот. Исфрлајќи пиво, можете да избегнете и прејадување, имајќи предвид дека алкохолот го отвора апетитот. Покрај тоа, ќе спречите надуеност поради јаглехидрати во пивото.

Пивото, како и секој друг алкохол, може да го стимулира воспалението и да ја наруши рамнотежата на микробите во дигестивниот тракт. Ова предизвикува иритација, што пак предизвикува надуеност.

Подобрена функција на црниот дроб

Црниот дроб е шокантно отпорен орган, но тоа не значи дека треба да го форсирате до крајни граници. Консумирањето алкохол го оштетува црниот дроб, но кога ќе престанете да го пиете, тој се обновува и може да се посвети на своите други задачи – како што се разградување на токсините и метаболизирање на мастите.

Губење на тежина

Со алкохол доаѓаат празни калории, од нив не сте заситени, но тие сепак ви се „лепат“. Затоа, има смисла да се елиминира алкохолот за да се избегне зголемување на телесната тежина.

Помирен сон

Сите видови алкохол може да предизвикаат проблеми со спиењето. Колку поблиску од спиењето пиете алкохол, толку е поголема веројатноста дека нема да спиете добро. Само два алкохолни пијалоци на ден се доволни за да ви го нарушат сонот во следните 24 часа.

Појасно размислување

Откажувањето од пивото може да спречи микрототоксини и тешки метали, кои понекогаш можат да залутаат во пиво за време на производството, да ја нарушат работата на мозокот. Иако овие елементи ги нема многу и не се наоѓаат во секое пиво, има луѓе кои се исклучително чувствителни на нив. Внесувањето на овие елементи може да предизвика главоболки и губење на меморијата, пишува порталот eatthis.com.

Извор: Rs.n1info.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1