ММС

Објавено на: 06/16/21 2:40 PM

УЕФА го казни Арнаутовиќ со еден меч неиграње

Марко Арнаутовиќ е казнет од УЕФА со забрана за играње на еден натпревар и нема да игра на утрешниот меч на австриската фудбалска репрезенатација со Холандија. Ова е одлуката по жалбата што ја упати Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) за навредите, што австрискиот голгетер ги упати кон македонскиот репрезентативец, Езгијан Алиоски, на напреварот во неделата.

„Во случајот во кој Марко Арнаутовиќ е обвинет за навреди упатени кон друг фудбалер, донесена е одлука да биде суспендиран еден натпревар“, објави УЕФА.

Арнаутовиќ негираше употреба на навредлив речник за време на мечот во Букурешт, но потоа се извини и побара средба со капитенот на македoнската фудбалска репрезентација, Горан Пандев.

Сепак, УЕФА смета дека австрискиот фудбалер ги прекршил правилата и треба да се дисциплинира. По паузата, Арнаутовиќ теоретски ќе биде на терен во мечот на Австрија со Украина.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1