ММС

Објавено на: 06/16/21 11:24 AM

Проведени скопјани за поседување прашкаста материја и предмети од „тешка кражба“

Министерствотго за внатрешшни работи во денешниот билтен информира дека привела троица скопјани за поседување наркотични средства и предмети од кражба.
-На 15.06.2021 во 19.45 часот на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода З.Д.(33), С.Н.(29) и И.Н.(26), сите од Скопје. При преглед во возилото во кое се превезувале била пронајдена прашкаста материја и предмети кои потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“, информираат од МВР.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени пријави по член 215 и по член 236 од Кривичниот законик.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1