ММС

Објавено на: 06/16/21 9:06 AM

(видео)Навални и тензиите во Украина во разговорите меѓу Путин и Бајден

Путин и Бајден попладне во 13 часот, ќе разговараат во луксузната вила Ла Гранж на брегот на Женевското езеро. Според прелиминарната програма, ова ќе биде серија состаноци за 5 часа. Разговорите ќе се одржат во 3 фази. Прво – мал круг претседатели и клучни советници, а во втората руда се вклучуваат поголеми делагации. Во разговорите ќе бидат вклучени и специјалните пратеници на двајцата претседатели. Во една од рундите разговори ќе бидат вклучени и министерот за надворешни работи  – рускиот Лавров и американскиот Блинкен.

Очекувањата не се големи, но и двајцата претседатели се надеваат дека состанокот ќе доведе, ако ништо друго, барем до стабилност и предвидливост во односите меѓу САД и Русија.

Од неофицијалните најави е јасно дека Путин и Бајден ќе разговараат за контролата на нуклеарното оружје, ескалацијата на тензиите во Украина, нелегалното припојување на Крим, сајбер безбедноста и демократијата во Русија. И за крај, но не и последно по важност, нормализирање на дипломатските односи меѓу двете земји.Бајден се очекува да побара од Путин да го ослободи Алексеј Навални.

Не е закажана заедничка прес-конференција. Сепак, и Путин и Бајден ветија дека ќе зборуваат одделно за медиумите.


владее голем интерес за средбата – прес центарот во Женева

Поранешниот американски државен секретар Мајк Помпео коментираше за „Фокс њуз“ дека американскиот претседател Џо Бајден покажа слабост, бидејќи не изрази подготвеност да одржи заедничка прес-конференција со Путин.

-Фактот дека тој не може да издржи на 1,8 или 2,4 метри од противникот и да му каже на светот за што сте разговарале, што е важно за вас, зошто е важно за вас, е знак на неверојатна слабост “, објасни Помпео.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1