ММС

Објавено на: 06/16/21 8:29 AM

Пристигнаа уште 12 870 дози вакцини „Фајзер“

Нови 12 870 дози вакцини „Фајзер“ пристигнаа денеска во земјава од редовната пратка што ја добиваме секој понеделник.

Министерството за здравство соопшти дека 8190 дози од нив се од билатералниот договор со производителот „Фајзер“, а 4680 се во рамките на програмата „Тим Европа“ (Team Europe).

Во земјава утре треба да пристигнат и 20 000 вакцини на „Астра Зенека“ од Грција.

– Оваа донација е многу значајна за нас. Голема благодарност до грчкиот народ и до амбасадорот на Република Грција кај нас, Русос Кундурос. Пристигнувањето на новите дози вакцини се одвива навремено и, согласно ова, имунизацијата има одличен тек,  наведува Министерството за здравство.

 

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1