ММС

Објавено на: 06/16/21 7:00 PM

За Македонците Романија им е како дома – Македонскиот амбасадор во Романија, Габриел Атанасов за напредокот на нашите иселеници

Специјално за ММС од Букурешт, Орце Костов

„Романците и Македонците пеат заедно македонски и романски песни. И тоа го видовме преку фотографиите и преку вашите видеа кои што ги правевте. Цел Букурешт е покриен со нашето знаме, се е во црвено жолто. Романците навистина навиваа за нас, заедно уживаа и се радуваа на се што се случува. Ги освоивме нивните симпатии“, ексклузивно за ММС рече македонскиот амбасадор во Романија, неговата екселенција, Габриел Атанасов.

Нашиот амбасадор на паузата помеѓу двата натпревари на македонскара фудбалска репрезентација, заедно со министерството за економија и министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, е домаќин на Неделата на македонски производи во Букурешт на која преку таканаречената спортска дипломатија се промовираат националните брендови.

Атанасов е доста активен во својата амбасада затоа што Македонија има многу свои граѓани во Романија, но сепак има далеку полесна работа од своите колеги затоа што Романија е земја во која се почитуваат правата на малцинските заедници.

– Според моите информации, имаме многу граѓани овде кои потекнуваат од Македонија. Во принцип во последните неколку години е нотирана емиграција на високо образовни кадри, која е интелектуална и која окупира голем број на функции и позиции во романското општество.  Се разбира, нашите граѓани  имаат слобода на организирање. Тие се организираат во Асоцијацијата на Македонците и имаат и свој пратеник кој произлегува од нивните редови. Во Романија признаени се неколку малцинства кои уживаат права и кои имаат свој преставник во законодавниот дом – истакна македонскиот амбасадор во Романија.

Романската држава им дава големи права на своите граѓани од малцинските заедници, се додека својата кавга не ја пренесат на романка територија.

– Секако дека е така. Кога една држава дава права и ги почитува тие малцинства, очекува лојалност од нив. Не постојат елементи кои би давале до знаење за такво нешто. Македонците се во принцип добри луѓе, функционираат заедно, добро се интегрирани, ја сакаат и Романија и ја сакаат Македонија. Верувам дека ќе остане така во однина – истака Атанасов за ММС.

Амбасадорот смета дека организацијата на Еуро2020 била скоро перфектна благодарние на романската полиција која заедно со наши деташирани преставници од МВР се грижела за безбедноста и протоколите за Ковид-19.

– Мислам дека организацијата е перфектна, а нашите навивачи се коректни, се гледа дека навиваат со душа и пасија во рамките на културното однесување. Нашите не можат да се сппоредат со навивачи од другите земји кои прават проблеми. И романската полиција има преземено мерки и заедно со нашата која има тука деаташирани претставници кои се грижат за безбедноста. Нашите навивачи се европски и коректни, само навиваат во духот на спортот и си ја сакаат својата држава и на најдобар начин тоа го демонстираат  и на стадионите и на улиците каде што пеат и се веселат истакнувајќи го македонскит знамиња – истакна амбасадорот.

Тој е разочаран од поразот на Македонија од Австрија, иако сфатил дека нашите фудбалери се многу подобри во првото полувреме но за него ништо не е загубено

Амбасадорот упати порака до фудбалерите да ги кренат главите горе и да уживаат на теренот затоа што самото тоа што се тука е голем успех.

– Го гледав мечот и можам да кажам дека навистина играа момците добро. Во првото полувреме за мене беа и супериорни. Можеби временските услови придонесоа за таков пресврт. Но, не треба да тагуваат, треба да ги охрабриме и мотивираме за следниот меч. Голема работа е што се овде и играат на Европското првенство и второ никогаш не треба ја да загубиме вербата – раскажа амбасадорот Атанасов.

Поради пандемијата Букурешт беше затворен повеќе од четири месеци, но сега со Еуро2020 и доаѓањето на бучните македонски фанови, луѓето се порелаксирани и можеби тоа им требаше да заборават на ова зло.

– Сега е големата релаксација. Романците дозволија вакви мерки за ЕП.  Овој момент на Еуро2020 го очекуваа и тие, видоа дека можат да се релаксираат, видоа дека ние сме слични на нив и имаме ист начин на забава.  На романските телевизии пишуваше порака “Навивајте за Македонија“ што пријатно ме изненади, а вие медиумите најдобро го почуствувавте затоа што бевте меѓу народот и со народот – додаде неговата екселенција Габриел Атанасов.

 

Фото: Вангел Тануровски

 

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1