ММС

Објавено на: 06/15/21 7:13 PM

Награда за Европски актер во подем за 2021 за Сара Климоска на Берлинале

Вчеравечер „EUROPEAN SHOOTING STARS“ за 2021 беа дел од официјалната церемонија за доделување на наградите за најдобри европски актери во подем која се одржа на специјално изградената сцена на „Berlinale Museum Island“. Наградите ги додели Мариа Шрадер, која е во главна улога на филмот “I’m your man”, филм кој е добитник на Сребрена Мечка на Берлинскиот филмски фестивал.

„Имав прекрасни, возбудливи и интензивни три дена во Берлин на првата летна едиција од Берлинскиот филмски фестивал.  Конечно имав можност во живо да ги запознам колегите до кои ја делам наградата „European shooting stars“ и навистина секој еден од нив е исклучителен! Благодарна сум на Агенцијата за Филм на РСМ за номинацијата и на „European Film Promotion“ за наградата и за приредување на едно неверојатно искуство. “ – изјави Сара Климоска.

Сара Климоска беше номинирана за оваа награда од страна на Агенцијата за филм на РСМ, која е долгогодишна членка на European Film Promotion.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1