ММС

Објавено на: 06/15/21 6:05 PM

(ВИДЕО) Не можеа да се воздржат ниту пред децата – Џеј Ло и Бен Афлек разменуваат сочни бакнежи во ресторан

Ако досега имаше минимална доза на сомнеж дека Бен Афлек и Џенифер Лопез се повторно заљубени, сега таа дефинитивно ја нема.

Оваа поранешно-сегашна двојка беше фатена како се бакнува во ресторан за прв пат откако ја обновија врската по цели 17 години, пишува „PageSix“.

Имено, актерот и пејачката беа снимени за време на интимни моменти на вечера во ресторанот „Нобу“ во градот Малибу.

На видеото кое брзо се појави во американските медиуми, може да се види како Бен и Џеј Ло разменуваат сочни бакнежи, а во еден момент Афлек започна да ја бакнува пејачката по вратот.

Според снимката, вечерата била семејна бидејќи таму биле и децата на пејачката. Но, дури и тие не можеа да го одвлечат вниманието на парот кој цела вечер не го тргнаа погледот еден од друг.

За потсетување, Бен и Џенифер се верија пред 17 години, а оваа година во април повторно почнаа да се гледаат. Некогаш популарната двојка медиумите ја нарекоа Бенифер, а медиумското внимание во кое сега уживаат изгледа дека воопшто не им пречи.

Парот сè уште јавно не се огласи за својата обновена врска, што можеби е поврзано со начинот на кој нивната врска заврши во 2004 година. Тие требало да се венчаат, но го наведоа преголемото медиумско внимание како главен извор на стрес. Сепак, изворот за „People“ рекол дека се слушаат секој ден и дека и двајцата се среќни.

Извор: Нова.рс

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1