ММС

Објавено на: 06/15/21 2:06 PM

УЕФА ќе спроведе истрага за „прославата“ на голот на Арнаутовиќ

Европската фудбалска федерација (УЕФА) објави дека отворила истрага за „прославата“ на голот на австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ, кој за време на натпреварот на нашата репрезентација со Австрија упати навреди кон нашиот репрезентативец Езгијан Алиоски.

– Назначен е инспектор за етички и дисциплински работи за да спроведе истрага во врска со инцидентот во кој е вклучен играчот Марко Арнаутовиќ што се случи за време на натпреварот од групната фаза на Европското првенство 2020, помеѓу репрезентациите на Австрија и Северна Македонија на 13. јуни 2021 година, наведува УЕФА.

Инаку дисциплинска постапка побара ФФМ откако по постигнувањето гол во 89 минута, австрискиот репрезентативец Арнаутовиќ започна да го навредува Алиоски, а неговите соиграчи се обидуваа да го смират.

ФФМ во реакцијата остро го осуди националистичкиот излив на Арнаутовиќ насочен кон Алиоски кој има албански корени.

Арнаутовиќ кој е инаку со српско потекло, вчера се извини за неговата реакција, но негираше дека користел расистички јазик.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1