ММС

Објавено на: 06/15/21 10:08 AM

Меркел: Концептот на стратегијата на НАТО 2030 дава одговори на сите предизвици

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека концептот на стратегијата на НАТО за 2030 година дава одговор на сите предизвици со кои се соочува Алијансата, јавува Агенција Анадолија (АА).

Меркел, која престојува во Брисел по повод Самитот на НАТО, изјави дека ревизијата на концептот на стратегијата на НАТО ја гледа како важен придонес на идните односи со Русија и Кина.

„Концептот НАТО 2030 пружа одговор на сите предизвици со кои се соочуваме. Ја поддржувам намерата на НАТО да развие нов стратешки концепт што јасно ќе го дефинира одговорот на предизвиците“, изјави Меркел.

Таа сподели информација дека темите за кои ќе се дискутира на Самитот се Русија, Пацификот, Кина, Авганистан и Украина.

„Исто така ќе разговараме за предизвиците со кои се соочуваме и повлекувањето на трупите од Авганистан. Ќе разговараме за она што го научивме во Авганистан. Ситуацијата во Украина ја доживуваме како голем тест, ќе разговараме за заканите. Ќе разговараме за газењето на демократијата во Белорусија“, порача Меркел.

Истакнувајќи дека предизвиците како кибернападите и кампањата на дезинформации стануваат сѐ поважни, Меркел истакна дека ќе разговара за начините на борба против таквите закани.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1