ММС

Објавено на: 06/15/21 10:11 AM

Ериксен објави фотографија од болница и упати порака до соиграчите

Ѕвездата на данската репрезентација, Кристијан Ериксен, кој колбира на теренот за време на мечот против Финска на Европското првенство, денеска се огласи на социјалните мрежи.

На својот инстаграм профил Ериксен објави фотографија и им се заблагодари на фановите кои го поддржувале.

– Се уште сум во болница и треба да ми бидат направени дополнителни прегледи, но се чувствувам добро. Ќе ги бодрам момчињата на следните натпревари. Играјте за цела Данска. Се најдобро, напиша Ериксен под фотографијата.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1