ММС

Објавено на: 06/14/21 9:20 PM

Црн рекорд во Америка: Повеќе од 600.000 луѓе починаа од корона

Повеќе од 600.000 луѓе починаа во САД како резултат на пандемијата од Ковид-19, покажуваат денешните бројки на „Ројтерс“.

Тоа е околу 15% од смртните случаи во светот од коронавирус, бидејќи проценката на британската новинска агенција е дека починале околу четири милиони луѓе.

Бројот на тешки и смртни случаи драстично опадна со висока стапка на вакцинација во САД.

Сајтот „worldometers“ наведува дека повеќе од 34 милиони луѓе во САД официјално се заразиле со коронавирус.

Извор: Нова.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1