ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/14/21 8:17 PM

Утре пристигнуваат 20.000 дози вакцини Астра Зенека, донација од Грција

Денеска пристигна нова пратка од вкупно 12.870 дози вакцини „Фајзер“ во државата. Станува збор за редовната пратка која ја добиваме секој понеделник од кои 8.190 дози се од билатералниот договор со производителот „Фајзер“, а 4680 во рамките на програмата „Тим Европа“ (Team Europe), информираат од Министерството за здравство.

Во текот на утрешниот ден се очекува да пристигнат 20.000 вакцини на Astra Zeneca. Министерот за здравство Венко Филипче на Твитер ја објави веста.

-Одлична вест од соседна Грција. Во текот на утрешниот ден се очекува да пристигнат 20.000 вакцини на Astra Zeneca. Оваа донација е многу значајна за нас и би сакал да изразам голема благодарност до грчкиот народ и до амбасадорот на Република Грција кај нас, Н.Е. Русос Кундурос, напиша Филипче на Твитер.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7