ММС

Објавено на: 06/14/21 2:55 PM

Глума и шоу пред избори се отстранувањето на платформите во Струга, сметаат од Алијанса на Албанците

Од Алијанса на Албанците реагираа во врска со денешното остранување на платформите на охридското крајбрежје. Од таму велат дека најголемиот виновник што, како што самите велат,  Струга е црна овца, е токму ДУИ.

„Секретарот на општина Струга, пред неколку дена призна дека во заштитниот појас околу езерото има 65 дивоградби, додека корумпираниот градоначалник изјави дека нема ниту една дивоградба. Последните недели има најмалку 3 кривични пријави за дивоградби изградени во последните три години  во кејот на езерото, од луѓе блиски на Рамиз Мерко и неговата партија. Денешната акција е една медиумска фарса-  show  во стилот на Артан Груби. Во Струга главен проблем не се 6 -те платформи во езерото, туку целосното бетонирање на крајбрежјето. Денес, Мерко призна дека веЌе четири години немал план за развој на туризмот за младите и жителите на Струга, најавувајќи дека на крајот на мандатот ќе бара од владата и УНЕСКО да има дадат план“, изјави Имер Имери, претседател на Алијанса на Албанците во Струга.

Според Имери, денешната фарса за отстранување на платформата е нешто познато за ДУИ.  Тие секогаш неколку месеци пред изборите глумат решавање на проблемите камуфлирајќи и покривајќи ги проблемите. На многубројните проблеми во Струга им се гледа крајот, во Октомври жителите сами ќе ги решаваат проблемите и овој пат нема да помогне ниту тендер коалицијата ниту кражбата на гласовите.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1