ММС

Објавено на: 06/14/21 2:02 PM

Регистрирани четири нови случаи на коронавирус и едно починато лице

Во последното деноноќие се регистрирани четири нови случаи на коронавирус од направени 1337 тестирања. Три од новите случаи се во Скопје и еден во Прилеп.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа регистрирани се 14 оздравени пациенти: осум од Скопје, тројца од Куманово и по едно лице од Прилеп, Неготино и Македонска Каменица.

Пријавено е и едно починато лице  од Скопје (66г), во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 835.436 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.540, бројката на оздравени пациенти е 149.642, на починати е 5.472, а бројот на активни случаи изнесува 426.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1