ММС

Објавено на: 06/14/21 12:33 PM

Мајка и ќерка од Гостивар го истепале таткото и неговата невенчана сопруга

Министерството за внатрешни работи информира дека ќерка и мајка од Гостивар се лишени од слобода, бидејќи физички ги нападнале поранешниот сопруг и неговата партнерка.

-Според СВР Тетово, вчера (13 јуни) околу 14 часот, полициски службеници ги лишиле од слобода Т.М.(30) и нејзината мајка С.С.(56), кои половина час пред тоа во куќа во Гостивар, физички го нападнале поранешниот сопруг и неговата невенчана сопруга. Во нападот, според пријавеното, Т.М. користела и остар предмет, информираат од МВР.

Од полицијата наведуваат дека случајот се расчистува и документира по што ќе следат и соодветни поднесоци.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1