ММС

Објавено на: 06/14/21 11:05 AM

Срамота! Влажни марамчиња, најлони и шипки скопјани фрлаат во канализација

ЈП Водовод и канализација – Скопје апелира до сите корисници на услугите на претпријатието, односно на канализацискиот систем, во него да не се одлагаат отпадни материјали кои не се подлежни на разложување (како влажни марамици, најлони…), предмети од домаќинствaта и кабаст отпад, со цел заштита на системот, негова нормална функционалност и превенција од затнување и излевање на отпадната вода.

„Утрово, екипите на секторот Канализација, на ул. Никола Русински работеа на чистење и отпушување на шахти запушени како резултат на влажни марамици, даски и шипки, односно неодговорно однесување на корисниците. Апелираме ваквото неодговорно однесување да се запре за доброто на сите корисници, како и заштита на средината во која живееме. Опасноста од ваквото однесување не е закана само за канализацискиот систем, туку е и закана по животната среднина и здравјето на луѓето“ – истакнаа од сектор Канализација.

Апелираме граѓаните  да се однесуваат одговорно кон селекцијата на отпадот, негово рециклирање и правилно одлагање. Апелираме граѓаните за одлагање на кабастиот отпад да се обратат до општинските комунални служби или до ЈП Комунална хигиена.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1