ММС

Објавено на: 06/14/21 10:59 AM

Сите средби за државата донеле бенефит, очекувам исчекор кон подобра иднина, вели премиерот Заев за средбата со бугарскиот претседател Радев

Премиерот Зоран Заев ја предводи македонската делегација на првиот НАТО самит на земјата како полноправна членка.

Во Брисел Заев пристигна заедно со шефот на дипломатијата Бујар Османи и министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Со оглед на тоа дека и бугарскиот претседател Румен Радев ќе биде во Брисел, одговарајќи на новинарско прашање што може да се очекува од оваа средба, премиерот Заев рече дека се очекува исчекор кон подобра иднина.

– Сите средби за нашата држава донеле бенефит. Од разговорите можеме да очекуваме само исчекор кон подобра иднина за македонскиот народ и за земјата. Очекувам дека низ разговори ќе можеме да најдеме решение, затоа што навистина е предолго, 20 години со договор за Асоцијација и стабилизација и 16 ипол години како земја кандидат. Верувам дека нашиот прв сосед, Бугарија, ќе даде поддршка да го направиме следниот чекор а тоа е одржување на првата меѓувладина конференција, рече Заев.

Заев истакна дека е многу горд што е таму и потенцира дека ова е историски момент за нас бидејќи ова е прв самит на НАТО во кој Македонија учествува како полноправна членка.

– Ние сме посветени на визија за Балканот во 21 век, како регион на мирот, стабилноста и зголемена економска соработа и носење економски бенефит и просперитет за сите граѓани. Денеска сме тука да го реафирмираме нашето единство, солидарноста и кохезијата, а ќе ги адресираме нашите предизвици и ќе носиме стратешки одлуки за иснината на НАТО, рече премиерот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1