ММС

Објавено на: 06/14/21 10:43 AM

Ники Лауда низ штипските и скопските улици – МВР со 76 казни за брзо возење

Министертсвото за внатрешни работи информира дека вчера во Штип и СКопје се направени  акциски контроли во соонбраќајот и притоа се изречени казни и тоа најмногу за брзо возење, но и за разговарање по телефон, нешочитување на сообраќајни правила  и технички неисправи возила.

-Вчера СВР Штип спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот, при што се изречени 93 мерки, и тоа: 35 за возачи кои управувале возила со брзина поголема од дозволената, 2 за управување без возачка дозвола, 1 за  нерегистрирано возило, 1 за технички неисправно возило, две за возачи почетници кои не се придржувале на законските ограничувања, 3 за возачи кај кои било утврдено присуство на алкохол, 5 за престигнување на недозволени места, 2 за недавање на првенство на минување на пешаци, 6 за возачи кои не користеле сигурносен појас, 3 за  возачи кои користеле мобилен телефон, информираат од МВР.

Вакви контроли се направени и во Скопје.
-Вчера  во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, на територијата на град Скопје изречени се вкупно 154 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 46 санкции, 15 за возење без возачка дозвола, три за управување под дејство на алкохол, 5 санкции за користење мобилен телефон, 32 прекршоци што го чинат возачите на мотоцикли, три за нерегистрирани возила, 14 санкции за непрописно паркирање, велт од МВР.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1