ММС

Објавено на: 06/14/21 11:30 AM

(Фото галерија) Кој се гледаше фудбал во Букурешт?  

Специјално за ММС од Букурешт, Орце Костов

Романците имаа голема среќа што поради пандемијата го ограничија капацитетот на  стадионот на околу 16.000 седишта, инаку ќе мораа да ги затворат сите улици, не само тие околу стадионот, за да се слееат реките македонски фанови кон стадионот.

Спортисти, музичари, политичари, лекари, директори… Десни или леви, Македонци, Албанци или Турци, сите дојдоа со една цел – да ја бодрат фудбалската репрезентација најдобро што знаат и умеат, а објективот на ММС ги забележа сите познати јавни личности кои од Македонија пристигнаа на Националната арена.

Дамјан Манчевски – бивш министер и висок функционер на СДСМ

Бившиот пратеник Илија Димовски (во средина) и кардиохирургот Александар Колев (десно)

Од многу сликање, Стојанче Стоилов мораше да одмори во тревникот пред Национална арена

Претседателот на РФМ и на Алкалоид, Живко Мукаетов и кошаркарот Ѓорѓе Војновиќ

Најголемо внимание предизвика владиката Пимен кој беше обвиткан во боите на македонското знаме. На Отец Пимен последните 200 метри од стадионот му се видоа како два километри затоа што мораше да прави селфи со стотици фанови, а беше расположен и пред објективот на ММС.

Без ракометниот репрезентативец Стојанче Стоилов и Панчо од ДНК не може да помине ваков голем настан па и тие беа дел од навивачкото лудило.

Директорот на Националната арена „Тоше Проески“, Дејан Тодоровски (десно)

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија и директор на Алкалоид, Живко Мукаетов дојде во друштво на бившата кошаркарска ѕвезда Ѓорѓе Војновиќ. Ексминистерот за информатичко општество, Дамјан Манчевски дојде сам на стадион, додека друштво на кардиохирургот Александар Колев му правеше неговиот пријател и експратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.

Директорот на Националната арена „Тоше Проески“ во Скопје, Дејан Тодоровски дојде во друштво на пријатели, но беше подготвен да се слика пред романската национална арена.

Првиот стрелец на гол за Македонија, Зоран Бошковски – Чоко

 

Фото: Вангел Тануровски

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1