ММС

Објавено на: 06/14/21 9:31 AM

Британија го одложи укинувањето на рестриктивните мерки

Поради порастот на нови случаи со делта сојот (индиски) на коронавирус, британските власти одлучија да го одложат укинувањето на рестриктивните мерки за после 21 јуни.

Владини извори за „Би-Би-Си“ брифираат дека најновата одлука ќе остане на сила најмалку четири недели.

Ова значи дека ограничувањата за посетители во рестораните, на спортските настани и во кината остануваат, ноќните клубови ќе останат затворени, а на работниците ќе им биде препорачано да работат од дома доколку тоа го дозволуваат условите.

Британските научници ја повикаа владата да го одложи укинувањето на рестрикциите поради страв од ново ширење на вирусот и со цел што повеќе луѓе да се вакцинираат со две дози на вакцина во меѓувреме.

Се проценува дека 90 отсто од новите случаи на коронавирус ги сочунува делта сојот, за кој се верува дека е до 60 отсто попренослив од британскиот сој, а луѓето заразени со него имаат поголема шанса да завршат во болница.

Премиерот Борис Џонсон во текот на денот се очекува и официјално да ја соопшти одлуката.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1