ММС

Објавено на: 06/14/21 10:30 AM

(Фото) Македонските полицајки го чуваа мирот во Букурешт

Специјално за ММС од Букурешт, Орце Костов

Тим на македонската полиција се грижеше за безбедноста на македонските фанови на Европското првенство.

Секој од македонските полицајки и полицајци работеа во мешани тимови со романските колеги, носеа специјални сини елеци на кои стоеше знамето на Романија или на Македонија.

Овие полицајци се нарекуваат „спотери“ (spotters) и постојано се ангажирани на настани кои ги организираат УЕФА или ФИФА.

Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија во соработка со романската полиција и надлежните служби на УЕФА,  официјално соопшти дека испратил свој тим од пет полициски службеници кои цела недела ќе бидат во Букурешт, но тие секогаш се повеќе на број.

Задачата на нашите полициски службеници беше заедно со полициските тимови на Романија, Австрија и Украина да создадат безбедносни услови овој спортски настан да помине согласно највисоките безбедносни стандарди на Романија и на УЕФА, а истовремено и да им излезат во пресрет на нашите граѓани кои ќе бидат присутни во Букурешт за време на настанот.

Фото: Вангел Тануровски

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1