ММС

Објавено на: 06/13/21 8:21 PM

Познатите парови кои и дадоа втора шанса на љубовта и не се покајаа поради тоа

Разводите не се секогаш последното поглавје во љубовните приказни на многу парови. Понекогаш овие паузи им откриваат на поранешните партнери што имале кога биле заедно и им даваат поттик да се обидат повторно. Истото се случува во светот на славните, почесто отколку што би помислиле.

Откријте во следните редови кои познати парови и дадоа втора шанса на својата љубов и не се покајаа за тоа.

Џенифер Лопез и Бен Афлек
Џенифер и Бен за првпат станаа пар во јули 2002 година. На крајот на годината тие се верија. За жал за многумина, тие раскинаа во јануари 2004 година. Петнаесет години подоцна, Џеј Ло и Афлек беа видени заедно во едно одморалиште во американската држава Монтана. Изгледа ја обновија својата убов.

Џастин Тимберлејк и Џесика Бил
Љубовната приказна на Џастин и Џесика започна во 2007 година. Во март 2011 година, популарниот пејач и холивудска актерка решија да ја прекинат својата врска, но останаа во пријателска врска. Набргу потоа, Џастин изјави дека Џесика е најважната личност во неговиот живот, и само неколку месеци подоцна тие се смирија. Двајцата се во среќен брак од 2012 година и имаат две деца.

Џастин Бибер и Хејли Болдвин
Џастин и Хејли беа пријатели многу пред да започнат да се забавуваат. Првата фаза во нивната романса траеше од декември 2015 година до јануари 2016 година. Тие беа во прилично лоши односи кога се разведоа, но се чини дека не престанаа да негуваат чувства едни за други, бидејќи се венчаа во 2018 година.

Роуз Лесли и Кит Харингтон
Шкотската актерка и англискиот актер се запознаа на снимањето на серијата „Игра на тронови“. Нивните ликови беа пар во серијата, а во 2012 година Роуз и Кит ја пренесоа својата романса во реалниот живот. Сепак, нивната врска траеше само неколку месеци. Две години подоцна, тие и дадоа втора шанса на својата љубов и оттогаш не се разделија. Денес, тие се горди родители на едно момче.

Џиџи Хадид и Зејн Малик
Џиџи и Зејн се караа и смиуваа повеќе пати во 2015 година, но никогаш не ја изгубија почитта едни со други. И покрај турбулентните моменти во нивната врска, тие издржаа и во септември 2020 година го добија своето прво дете.

Преземено од: https://citymagazine.danas.rs/

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1