ММС

Објавено на: 06/13/21 3:19 PM

(ФОТО) Секретарката на „Локал Пром“ прослави 79 ти роденден

Сека Саблиќ денес на снимањето на серијата „Три мажи и тетка“ го прослави својот 79-ти роденден.

Легендарната актерка и режисерот на серијата Павле Вучковиќ се родени на ист датум, па тимот на продуцентската куќа „Иноватив“ реши да им подготви изненадување.

Во дворот на вилата каде што снимаат, тие извадија три торти и отпеаја роденденска песна, што толку ја воодушеви Сека, што едвај ги задржа солзите. Колегите на актерката дури запалија и свеќи за роденден, но таа одби да ги изгасне:

„Не сакам да дувам, па нема да ја плукам тортата“, рече Сека, која сè уште е претпазлив за пандемијата на коронавирусот.

Инаку српската актерка имаше и неколку препознатливи улоги во македонски филмови, како Баба Зумбила во филмот „Балканкан“  и во првата македонска комедија „Викенд на мртовци“ каде ја глуми улогата на секретарка и кад еја кажува легендарната реплика „Сите ќе умрете“.

Преземено од: https://www.kurir.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1