ММС

Објавено на: 06/12/21 2:37 PM

Напуштени куќи се продаваат за помалку од евро

Во Леград, место на северот на Хрватска, тешко погодено од депопулацијата на руралните области, се продаваат напуштени куќи за една куна (13 центи, или 15,5 динари) во обид да привлечат нови жители, но исто така се поставуваат одредени услови.

Леград некогаш бил вториот по густо населен центар по жители на територијата на Хрватска, постојано го губи своето население веќе еден век, од распадот на Австро-Унгарија, пренесува Ројтерс.

-Ние се претворивме во пограничен град со мал сообраќај кон други места. Бројот на жители постепено се намалува”, рече градоначалникот на Леград, Иван Саболиќ.

Опкружен со зелени полиња и шуми, градот е близу до границата со Унгарија и има околу 2.250 жители, што е половина од бројот пред 70 години.

Општината најавува дека ќе плати 25.000 куни за сите потребни адаптации, а градот ќе им помогне на новите жители кои сакаат да купат приватни куќи со 20 проценти од куповната цена, или до 35.000 куни.

Младите семејства, со членови до 40 години ќе имаат предност да купат куќа. Меѓу купувачите има и руски државјани.

Извор: Информер.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1