ММС

Објавено на: 06/12/21 12:24 PM

(ВИДЕО) Радев: Бугарскиот јазик е именуван по туркска етничка група

За да се разјасни малку повеќе од лингвистичка гледа точка за односнот помеѓу Македонија и Бугарија и јазикот, лингвистот Игор Радев ќе го спомене примерот со данскиот и норвешкиот јазик.

„Имаме два нивоа на гледање, чисто лингвистички. Данскиот и норвешкиот јазик од лингистичка гледа точка е еден ист јазик. Суверено право на говорителот е да го нарече јазикот како што сака, во Норвешка тие си одлучиле дека тој јазик ќе го викаат норвешки. Норвешкиот јазик е всушност дански. Во Норвешка кога го презеле данскиот јазик кога го официјализирале како службен јазик го нарекуваат норвешки, меѓутоа тој е дојден од Данска. Од 14 век Норвешка е колонија на Данска, стариот јазик кој се зборувал во Норевшка изумрел, прмеминале луѓето на Дански јазик, асмилирани се. Одпосле кога Норвешка се здобива со независност, тој јазик што им го донеле Данците тие го прекрстваат во норвешки. И во овој случај никој не се меша“, изјави Игор Радев, филолог, синолог во емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77.

За потеклото на јазиците, Радев ќе каже  јазикот како човечки феномен, како настанал е сеуште мистерија. И што е најинтересно јазикот не може да се смета како средство за комуникација туку примарно може да го сметаме како оперативен систем на умот, а комуникацијата му е втора улога, вели тој.

„Штом човекот се раѓа, тој се раѓа во некоја јазична средина, тој си зборува некој јазик. Во зависност од историските услови, постоење на авторитетна институција најчесто држава, еден од тие микро јазици, дијалекти, говори добива престижен статус во кој што луѓе кои се чувствуваат дека припаѓаат на дадена заедница го прифаќаат како средство за заемна комуникација и му се дава национално име, и така настануваат како како што знаеме кодифицирани, национални јазици. Има два аспекти лингвистичкиот кој се занимава строго научно и  социолошка како самите говорители  на тој јазик го чувствуваат“, изјави Радев.

Тој го појаснува примерот со Данска и Норвешта и како данскиот јазик, е прифатен од Норвешка, па дури и крстен норвешки јазик.

„Историски гледано, Кралството Данска во 14 век го освојува Кралството Норвешка и де факто Норвешка е данска колонија се до средината на 19 век, потоа 15 години е во персонална унија со Шведска, а добива независност дури 1901 година, почетокот на 20 век. Во периодот на данското владеење на Норвешка тие локални говори норвешки во најголем дел изумираат, се задржуваат само во некои ридско планински предели  или во југозападна Норвешка додека најголем број од норвежаните почнуваат да зборуваат на дански јазик. Кога Норвешка се здобива со својата независност, данскиот јазик кој што го говорат си го преименуваат во норвешки. Данско – шведскиот е како македонскиот со бугарскиот јазик. Во секојдневната комуникација тоа е решено. Тое земји се обединети во Нордискиот совет, јазичниот протокол е следен, помеѓу дански, норвешки и шведски не се вршат преводи и онака сите се разбираат, превод има за Финска“, вели Радев.

Но однсот помеѓу македонскиот литературен јазик и бугарскиот литературен јазик е како данско, норвешки и шведски и како германски и холандски, вели Радев.

„Слична е ситуацијата и со гермснкиот и холандскиот јазик, од географски две различни подрачја, т.е долно франски говори, еден од нив е земен како литературна форма кој ја нарекуваме холандски, додека германскиот литературен јазик се должи пред се на горно германски. Слично како македонскиот и бугарскиот. Бугарската литературна форма која ја кодифицира Марин Дринов земена е од крајните источни дијалекти на тој источно јужнословенски дијалектен континум во кој спаѓаме заедно со бугарскиот јазик, а нашиот уште како што Мисирков го дава тој концепт географски се земени југо западните, ако гледаме географски тоа е дијаметрално спротивно“, вели Радев.

Апсурдно е под фуснота во потпишување на европски документи да стои дека Бугарија го признава македонскиот јаизк од 1945 година, вели Радев.

„Именувањето на еден јазик е суверено право на неговите говорители, македонскиот јазик, современ е именуван според територијата, бугарскиот јазик според што е именуван? –  Според името на етничката група која што стои во основа на формирањето на првата бугарска државност во 7 – от век, таа етничка група е туркска етничка група која зборувала еден од турските јазици чиј што дненешен потомок е современиот чувашки јазик, кој се говори во Република Чувашија една од субјектите на Руската Федерација. Според истата логина имаат право дали Турција, дали тие чуваши да го оспоруваат постоењето на бугарскиот  јазик и да условува како бугарски, или да се модифицира за да не дојде до забуна на тој стариот бугарски, односно туркскиот јазик“, изјави Радев во емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77.

Г.Д


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1