ММС

Објавено на: 06/12/21 8:43 AM

Продолжуваат засилените акциски контроли во сообраќајот: Вчера во Скопје изречени 189 мерки

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (11.06.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 189 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 58 санкции, 13 за возење без возачка дозвола, шест за управување под дејство на алкохол – соопштија од МВР.

Изречени се 10 санкции за користење мобилен телефон, 21 прекршок што го чинат возачите на мотоцикли, шест за нерегистрирани возила, 53 санкции за непрописно паркирање.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи поголема безбедност во сообраќајот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1