ММС

Објавено на: 06/11/21 9:00 PM

Се појавија снимки од израелски затворски чувари како влечат и тепаат палестински затвореници

Објавена е снимка од моментите кога во еден затвор во Израел затворските стражари влечат и тепаат палестински затвореници, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според веста на „Хаарец“ (Haaretz), снимката што предизвика реакција е снимена од безбедносните камери на затворот „Ел-Накаб“ во пустината Наџаф на 24 март 2019 година.

Тензиите ескалираа по планот на управата на затворот да инсталира прекинувачи на сигнали околу затворот за да ги спречи палестинските затвореници да разговараат со „шверцувани“ телефони.

Во настаните што избувнаа по зголемувањето на тензиите, палестински затвореник избоде двајца израелски официјални лица. По тоа, затворските стражари влегоа во местото каде што се наоѓаа палестинските затвореници.

На снимката од безбедносните камери се гледа дека палестинските притвореници, кои се со лисици на рацете, со примена на насилство се собираат на едно место.

Исто така, на снимките се гледа како израелските затворски стражари ги влечат палестинските затвореници по земја, удирајќи ги со палки и клоци.

Во веста се тврди дека и покрај безбедносните камери, идентитетот на сите затворски стражари кои ги удираат палестинските затвореници „не е откриен“.

– Обвинителот го затвори досието –

Меѓу другото, во веста се наведува дека најмалку 10 затворски стражари ги тепале палестинските затвореници, но дека само четворица од нив биле кратко испитувани.

И покрај тоа што палестинските затвореници истакнаа дека можат да ги препознаат затворските стражари, ништо не беше преземено.

Исто така, се забележува дека израелскиот обвинител што ја спроведува истрагата одлучил да го затвори досието по совет на полицијата.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.