ММС

Објавено на: 06/11/21 7:22 PM

Бертомеу повеќе нема сам да ги влече конците, промени во Евролигата

Човекот број еден на најдоброто европско кошаркарско натпреварување, контроверзниот Жорди Бертомеу, останува на функцијата извршен директор во Евролигата, но сега главните одлуки во однос на развојот на ова натпреварување нема да ги носи исклучиво тој, одлучија денес едногласно 11-те европски клубови акционери.

Тимовите кои ја имаат фамозната А лиценца (Ефес, Реал Мадрид, Барселона, Фенербахче, Олимпијакос, Жалгирис, ЦСКА Москва, Армани Милано, Басконија и Панатинаикос), консензуално истакнале дека сакаат поголема моќ во донесувањето на одлуки и одбор составен од 11 директори (по еден претставник од секој тим).

Како и досега, клубовите остануваат сопственици во Евролигата, а Шпанецот единствено се повлекува од фунцкијата претседател на одборот.

 

 

Фото:

Twitter


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.