ММС

Објавено на: 06/11/21 6:12 PM

(ВИДЕО) Легендарниот Роналдињо им посака среќа на македонските фудбалери

Иконата на светскиот фудбал и пуленот на многумина фудбалски романтичари, Роналдо де Азис Мореира Роналдињо, преку видео-порака им посака среќа на македонските фудбалски репрезентативци пред почетокот на Европското првенство 2020.

Некогашната супер-ѕвезда на Барселона, евидентно во друштво на некој фанатик и суфлер од ова поднебје, во пресрет на дуелите со Австрија, Украина и Холандија во рамките на групата Ц, ги поддржа Пандев, Елмас, Алиоски и останатите и можеби навести за кого тој ќе навива на претстојниот голем европски турнир.

 

Официјално, шампионатот на Европа стартува вечерва од 21 часот во италијанската престолнина. Италија ќе ја пречека Турција на отворањето, додека пак „рисовите“ ќе се соочат со првиот опонент Австрија во недела од 18 часот.

 

 

 

д.ј

 

Фото:

marca.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.