ММС

Објавено на: 06/11/21 5:40 PM

ВМРО-ДПМНЕ денес одржа протест пред Министерството за надворешни работи

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа протест пред Министерството за надворешни работи со барање до власта да каже за што се разговара со Софија во однос на Договорот за пријателство.

Членот на ИК, пратеникот Антонијо Милошоски на протестот ги повика премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи, да се појават пред Собранието и пред народните избраници и на граѓаните преку пратениците  да објаснат, како што вели, за кои дополнителни анекси се разговара по однос на Договорот со Бугарија.

-И зошто јавноста беше излажана во 2017 година дека Договорот со Бугарија ги решил сите македонско-бугарски спорови и го отвара патот за ЕУ, вели Милошоски.

На новинарско прашање до кога ќе траат протестите, Милошоски изјави дека тоа ќе зависи од власта, која вели, ако продолжи да биде таинствена, ќе има одговор каков што има и досега.

За викендот, тој најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе има активности во Битола со Унијата на млади сили каде ќе се одржи годишна конференција.

 

 

 

Фото:

Facebook / VMRO-DPMNE

 

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.