ММС

Објавено на: 06/11/21 4:01 PM

Не може без неа: Канје и Ирина биле во врска и пред неговиот брак со Ким Кардашијан

Раперот Канје Вест (44) и манекенката Ирина Шајк (35) се забавувале уште пред да се ожени со ријалити ѕвездата Ким Кардашијан (40)?

Пред некој ден, Канје и Ирина ги потврдија гласините за новата романса среде разводот со сопругата Ким Кардашијан, со која беше во брак речиси 7 години.

На ексклузивните фотографии до кои дојде „Дејли Меил“ пред неколку дена, новопечениот пар може да се види за време на романтична прошетка во Прованса, Франција, каде што престојувале заедно во луксузна вила распространета на повеќе од 600 хектари земја, наречена „Вила Ла Кост“.

Тие поминале три ноќи во Франција, каде го прославиле и 44-от роденден на Канје. Но, извор близок на Канје од музичкиот свет откри дека Ирина и раперот се забавувале и во минатото:

– Канје беше со Ирина непосредно пред Ким. Тој ја бркаше одамна – рекол изворот.

Руската убавица имаше децениска модна врска со Вест – таа претходно работеше за неговиот бренд „Yeezy“ и се појави во неговиот спот за песната „Power“ во 2010 година.

Изворот додаде и како се чувствува Ким Кардашијан.

– Ким се согласува. Таа само сака тој да биде среќен и здрав – рече тој.

– Ким учи и се фокусира на децата – рекол изворот.

Извор:Телеграф.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.