ММС

Објавено на: 06/11/21 3:47 PM

Со мерцедес згазил полицаец – приведен 24-годишен скопјанец

Вчера околу 15.00 часот на бул.„Крсте Мисирков“ во Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода М.Б.(24) од Скопје, затоа што не почитувал дадена наредба и со патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил полициски службеник, информираат од МВР.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.