ММС

Објавено на: 06/11/21 3:37 PM

„Си го убив детето“, вресна таткото и се онесвести – Трагедија во Книн, татко си го заборавил синчето заклучено во автомобил

Книн се гуши во солзи. Нема жител, кој не пушти солза за петгодишно момче, кое трагично го загуби животот затворен во автомобилот на татко му, кој е осомничен дека предизвикал смрт на сопствената дете. Погребот на малиот ангел од Книн е утре во Книн, каде е прогласен Ден на жалост поради невидената трагедија. Знамињата беа спуштени на половина копје, сите најавени настани беа откажани, а градинката е завиткана во црно, во која децата тагуваат за својот трагично убиен пријател.

Таткото на починатото момче е кривично пријавен поради основано сомнение за сторено кривично дело повреда на правата на детето.

„На 8 јуни 2021 година, околу 8 часот наутро во Книн, осомничениот не го однел детето во градинка од засега непознати причини, туку го оставил во заклучен автомобил на паркингот, а кога се упатил кон автомобилот околу 15 часот попладне, откако му се јавила сопругата, го пронашол детето онесвестено и го изнел од автомобилот. Од Брзата помош се обиделе да го реанимираат детето, но не успеале во тоа.

Жители на Книн го потврдуваат она што се зборува меѓу населението. Информација дека таткото на несреќното момче по прележан Ковид-19 се жалел на несоница, губење на концентрацијата и меморијата. Во Книн сè уште со неверување тагуваат за починатото момче.

– Велат дека таткото на момчето имал корона и дека долго време страдал од несоница. И дека и детето било нво изолација . Сите во Книн плачат, а уште полошо е што го осудуваат човекот. Какви луѓе сме ние веднаш да осудиме – се прашува здравствен работник од Книн.

„Тие секогаш шетаа низ Книн со нивниот мал син. Одлично семејство.  Човекот очигледно има здравствени проблеми. Велат дека пред короната бил најнормален, но дека после таа болест имал дупки во меморијата. И, кога истрча од касарната и отиде кон автомобилот, гледајќи го неговиот син, тој започна да вика: „Си го убив детето“ и се онесвести – раскажува жител на Книн за Слободна Далмација.

Тој потврдува и дека таткото бил убеден дека го оставил својот син во градинка тоа кобно утро, а не на задното седиште на неговото БМВ и заминал на работа.

За татко на несреќно дете  велат дека бил душа од човек, феноменален татко, па се сеќаваат на разговорите во кои тој им раскажувал како возел особено внимателно додека неговото дете е во автомобилот. Истото тоа несреќно БМВ во кое заврши неговиот мал син.

– Не знам како ќе го преживее ова … Тој ден дојде нормално на работа. Тој ден се пошегувавме за тоа колку работа има, зборувавме за короната – се зборовите на еден од колегите на осомничениот од касарната Книн.

– Едноставно мозокот му залутал. Во главата тој стори сé, ја однесе жена му на работа, детето во градинка, потоа тој на работа. И тој беше убеден дека го оставил детето во градинка – раскажува човек за Слободна Далмација.

Извор и фото: slobodnadalmacija.hr


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.