ММС

Објавено на: 06/11/21 3:33 PM

СДСМ со можен датум за Локалните избори

На овонеделните средби на највисоките партиски тела на СДСМ бил соопштен 31 октомври, како можен датум за одржување на локалните избори. На овие средби, владејачката партија, чии градоначалници раководат со 57 македонски општини, официјално започна со подготовките за есенските Локални избори.

Според извори на ММС, од страна на раководството на партијата било кажано дека последната  недела од октомври е можен датум за избори, но ќе зависи од многу фактори, особено што на маса се разговори за изборниот модел, начинот на гласање, измени на изборното законодавство и други детали.

До октомври останувуаат уште неколку месеци, доволно време, доколку има политичка воља, да се усогласат отворените прашања.

Актуелните градоначалници, мандатот го добија на Локалните избори што се одржаа на 15 октомври 2017 година.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.