ММС

Објавено на: 06/11/21 3:12 PM

Момци глава горе и уживајте на теренот – Перо Антиќ со поддршка за македонските фудбалери

Македонскиот кошаркар им даде голема поддршка на македонските фудбалери кои заминаа на Евро2020 година во Букурешт.

Антиќ е првиот Македонец кој го има освоено три европски круни.

Перо Антиќ има освоено три европски круни, две со Олимпијакос и една со Фенербахче.

Исто така Перо Антиќ е прв Македонец кој играл за NBA, и прв Македонец кој дал тројка во NBA, кошаркар со големо искуство па несебично испрати убава порака до нашите фудбалери за кои рече дека поддршката сега им е најпотребна.

-Македонските фудбалери заслужуваат сѐ најдобро. Секоја поддршка им е потребна. Можам само да им кажам – момци глава горе, не читајте ништо и само уживајте на теренот, рече тој.

Целиот разговор со Перо Антиќ можете да го погледнете ТУКА

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1