ММС

Објавено на: 06/11/21 2:37 PM

Што ќе ми се пари, кога немам здравје, кога немам веќе живот – Потресната исповед пред смрт на Стив Џобс не треба да се заборави

Стивен Пол Џобс беше извршен директор и еден од основачите на Epl. До 1980 година, Џобс беше еден од најмладите милионери што се најде на Форбс листата на најбогати луѓе во Америка. Почина на 5 октомври 2011 година во 56  години по долга битка со ракот. Неговата исповед пред смртта замисли многу луге и ги натера поинаку да гледаат на животот, не само низ призмата на пари.
“Јас го достигнав врвот на успехот во деловниот свет. Во очите на другите, мојот живот е олицетворение на успехот. Сепак, освен работата, имав малку радост. Во овој момент, додека лежам во болничкиот кревет и се сеќавам на целиот мој живот, сфаќам дека сите признанија и богатства што ги зедов со толку гордост избледеа и станаа незначителни пред претстојната смрт. Во темнината, додека гледам во зелените светла на апаратот за одржување на животот и го слушам зуењето на механичките звуци, чувствувам како ми приоѓа здивот на Богот на смртта. Сега знам, дека кога ќе добиеме доволно богатство за целиот свој живот, треба да бараме други работи што не се поврзани со богатството … Треба да биде нешто многу поважно:
Можеби меѓучовечки односи, можеби уметност, можеби сон од помладите денови.
Постојаното барање богатство само ќе ја претвори личноста во чудно суштество, како мене. Бог ни ги даде сетилата да чувствуваме љубов во сечие срце, а не илузиите што ни ги носи богатството.
Богатството што го освоив во животот не можам да го земам со себе. Она што можам да го земам се само спомени како резултат на љубовта. Тоа е вистинско богатство кое ќе ве придружува, ќе биде со вас, ќе ви даде сила и ќе го осветли патот да одите напред. Љубовта може да помине илјада милји. Животот нема граници. Оди каде сакаш. Достигнете ги височините што сакате да ги достигнете. Сè е во твоето срце и во твоите раце.

Кој кревет е најскап во светот? – „Болнички кревет“.

Може да ангажирате некого да вози автомобил за вас, да ви заработи пари, но не можете да ангажирате некој да ја носи болеста за вас. Може да се најдат материјални работи што се изгубени. Но, постои една работа што никогаш не може да се најде кога ќе се изгуби, а тоа е – „Животот“.
Кога некое лице оди во операционата сала, сфаќа дека има една книга што допрва треба да се заврши со читање – „Книгата за здрав живот“.
Без оглед во која фаза од животот сте, со текот на времето ќе дојде ден кога ќе треба да се соочите со спуштање на завесите.

Чувајте љубов кон вашето семејство, љубовна врска, љубов кон пријателите … Грижете се за себе. Грижете се за другите “.

Извор и фото: kurir.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.