ММС

Објавено на: 06/11/21 2:36 PM

Тим на македонската полиција ќе се грижи за безбедноста на Еуро2020

По повод Европското првенство во фудбал ЕУРО 2020, на кое за прв пат ќе учествува и македонската фудбалска репрезентација, Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија во соработка со романската полиција и надлежните служби на УЕФА,  испрати свој тим од 5 полициски службеници кои во периодот од 11 јуни до 18 јуни година ќе бидат присутни во Букурешт, Романија.

Задачата на нашите полициски службеници е заедно со полициските тимови на Романија, Австрија и Украина да создадат безбедносни услови овој значаен спортски настан да помине согласно највисоките безбедносни стандарди, истовремено и да им излезат во пресрет на нашите граѓани кои ќе бидат присутни во Букурешт за време на настанот.

На овој начин, Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија ги потврдува професионалните капацитети на своите полициските службеници, како и својата европска  посветеност, исполнувајќи ги притоа највисоките меѓународни безбедносни стандарди во обезбедување на значајни спортски настани од висок ризик.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.