ММС

Објавено на: 06/11/21 2:11 PM

Донирано амбулантно возило во Дојран: Од следниот месец 24 часовна здравствена заштита во екот на сезоната

Дојран од следниот месец ќе добие 24 часовна здравствена заштита откако  доби донација на амбулантно возило за брза помош. Донацијата е од фирмата ,, Руски транс’’ од Германија во сопственост на Македонец и со истото се отвора можност за брзи интервенции за време на „туристичкиот шпиц“.  Возило ќе биде во Стар Дојран, а во амбулантата ќе се ангажира медицински персонал од Гевгелија и Струмица по систем на ротација – информира министерот, Венко Филипче.

,,Со ова донирано амбулантно возило значително ќе се подобри давањето на итна медицинска помош на лицата што престојуваат овде. Од 1 јули медицински персонал од Гевгелија и Струмица ќе ротира овде со 24 часовно дежурство. Лекарите сами ќе проценат дали на пациентите ќе им биде пторебна дополнителна медицинска нега во една од блиските болници на Дојран или ќе биде транспортиран до клиниките во Скопје“, рече министерот Филипче

Градоначалникот  Ангов подвлече дека со амбулантното возило во голема мера ќе се скрати времето на интервенции во Дојран кога во ова место престојуваат и по десетина илјади гости. Како општина во соработка со јапонската амбасада по завршување на туристичката сезона ќе се пристапат кон реконстуркција на објектот

,,Во преговори сме со јапонската амбасада која изрази подготвеност да помогне во реконстуркцијата на овој објект  со што значително ќе се подобрат условите на здравствените работници кои ќе работат овде. Инаку планираме објектот да го реконстурираме по завршување на годинашнава туристичка сезона“, изјави Ангов.

В.Трајков


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.