ММС

Објавено на: 06/11/21 11:16 AM

Мебел-Ви со зголемен извоз воведува најсовремена технологија во производството на мебел

Стратешката определба на Мебел-Ви да ги следи најдобрите светски практики во производството на мебел, како и посветеноста во креирањето на исклучителен производ, допринесе трендот на зголемување на извозот да продолжи со значително темпо и оваа 2021 година, а со тоа и вкупното успешно работење на компанијата.

И покрај сите предизвици во однос на зголемени цени на материјали и отежнат пристап до суровини, горди сме што растот на извозниот сегмент, во првите 5 месеци од 2021, во повеќе категории на производи достигнува и надминува и 70 проценти како по број на извезени производи така и вредносно, споредбено со истиот период лани. Овде особено значаен е и фактот што одлично ниво на раст постигнавме и на премиум сегментот од понудата кој ги опфаќа производите од Mondivi трговската марка, која компаративно бележи дуплиран раст и веќе учествува со скоро 40 проценти од целиот извоз на Мебел-Ви.

Како резултат на поголемата побарувачка но и најавените поинтензивни пласмани, почнавме и успешно заокруживме нов голем инвестициски циклус во 2021 година кој ќе помогне уште подобро да ја зацврстиме лидерската позиција која Мебел-Ви ја има на пазарот и секако обезбедување на континуиран раст и највисоко ниво на квалитет.

Со оваа голема инвестиција воведуваме најсовремена и целосно нова технологија во производството на мебел во Македонија: Нов aвтоматизиран Циркулар за кроење и нова кантарица, 2 броја CNC машини, Рутер со нестинг технологија, нова производна Линија за душеци, Вакум машина за медијапан фолија. Набавени се и наскоро ќе бидат пуштени во употреба и нови економични транспортни возила.

Со заокружувањето на овој инвестициски циклус овозможуваме креирање на нови иновативни решенија во самиот производен процес но и во крајниот производ, со што уште еднаш ја потврдуваме нашата определба за понуда на исклучителен производ со препознатлив квалитет.

Во годината во која одбележуваме 24 години успешно работење со гордост може да го најавиме и планот за почеток на изградба на нов, сопствен, продажен центар во Струмица. Продолжуваме заедно со вас да растеме и да се развиваме.

 

Комерцијален текст


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.