ММС

Објавено на: 06/11/21 10:41 AM

Невеста починала на денот на свадбата, но венчавката сепак се одржала!

Невеста во Индија починала на денот на свадбата па нејзиниот младоженец одлучил наместо со неа, да се ожени со нејзината помлада сестра.

Телото на несреќнаtа жена по име Сурба лежело во соба, додека парот ги разменувал заветите за вечна љубов и среќен брак.

Како што пренесуваат британските таблоиди, Сурба доживела срцев удар додека разменувала цветни венчиња со идниот сопруг Мањеш Кумар, што е тоа е обичај во хиндуистичката свадбена церемонија.

Повикан бил лекар од блиското село за да и помогне, но не можел ништо да стори.

Братот на починатата невеста како што раскажал за медиумите, двете семејства седнале и размислувале што да прават и некој од семејството дошол до идеја да се омажи неговата помлада сестра Ниша за младоженецот.

Несреќната Сурба била погребана по венчавката.

 

Извор и фото:  Информер.рс

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.