ММС

Објавено на: 06/11/21 9:09 AM

Во топлите денови направете си ладно кафе, кое ќе ве освежи веднаш по будењето

Не можете да функционирате ако не с енапиете шолја кафе наутре, но во текот на летните денови не ви годат топлите напитоци? Освежете се со ладно кафе кои ќе ви ја зголеми енергијата веднаш по будењето.

Потребни состојки:

150 мл црно кафе

100 мл млеко (може да користите и веганско)

Дланка мраз

По желба: екстракт од ванила, јаворов сируп или цимет

Подготовка:

Сварете го кафето како и вообичаено и оставете го да се излади. Во меѓувреме сипете млеко во голема шолја или чаша заедно со мразот и сирупот. Откако кафето целосно ќе се излади прелијте го преку состојките во чашата и добро промешајте. По желба може да додадете и шлаг на врвот.

 

Фото: Илустрација / Designed by Freepik

Извор:   vecernji.hr


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.