ММС

Објавено на: 06/11/21 7:21 AM

Нова шанса за живот – Почна повторно да чука срцето на 44 годишната пациентка, успешно завршена трансплантацијата

Трансплантацијата на срцето на 44 годишната пациентка, која се направи ноќеска е завршена успешни, информираше министерот за здравство, Венко Филипче. Тој на својот Фејсбук профил ги објави убавите вести за синоќешната четврта трансплантација, која се направи со тим лекари од нашата држава.
-Доцна синојка, во 23 часот медицинските тимови од Клиниката за урологија и Клиниката за кардиохирургија ја започнаа експлантацијата на бубрези и срце од 44 годишна пациентка која попладнево е дијагностицирана со мозочна смрт. Тројца пациенти се подготвуваат да ги примат органите. Постапката за трансплантација на срцето и бубрезите ќе започне после полноќ, по што ќе следи експлантацијата на коскени ткива. Екипите за трансплантација од повеќе клиники работат веќе неколку часа на подготовка на донорот и реципиентите. Болничките координатори од КАРИЛ заедно со Министерството за здравство ја водат целата постапка. Голема благодарност на семејството за несебичниот гест. Со нивната хуманост спасија три животи и подарија надеж за подобар живот на неколку пациенти кои се лекуваат на Клиниката за ортопедија, напиша доцна синојка Филипче.
Дека се завршило како што треба пред половина час Филипче ги соопшти убавите вести.
-Рано утрово срцето на 44 годишната пациентка чие семејство несебично ги донираше органите, почна повторно да чука срцето.  Следните денови се критични да се надеваме дека телото ќе го прифати новиот орган. Пациент кој неколку години боледува од тешка кардиоваскуларна болест добива шанса за нов живот. Во изминативе 24 часа околу 100 тина лекари, медицински сестри и болничари работеа заедно како тим и покажаа како беспрекорно функционира здравственитот ситем. Повеќе детали за трансплантацијата во текот на денот, напиша тој.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.