ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/11/21 6:53 AM

Викенд за разочарување, сите три дена со дожд, град и ветер

Нема никакви промени во денешната временска прогноза. Повторно се очекува дожд и грмежи. Од УХМР информираат дека претпладне ќе биде облачно, а  попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и ветер, додека на некои места ќе паѓа град. И покрај ваквите лоши најави, кои повеќе личат на пролет, отколку на лето максималната температура ќе достигне до 30 степени.

Истата најава е и за Скопје и околината,  облачно со повремен пороен дожд, грмежи ветер и град, со температура до 29 степени.

За оние кои планираат викендот да го поминат надвор од дома вестите за времето се разочарувачки, бидејќи до недела продолжува променливото и нестабилно врем. Ќе има и сонце, но  попладне  и двата дена попладне ќе паѓа пороен дожд, грмежи, ветер и град.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1